Македонски English
 
 
 
 

Bul. Vojvodina bb
1000 Skopje, Macedonia

Tel: + 389 02 25 51 662
Fax: + 389 02 25 52 662
ext. 14

www.bonum.com.mk
bonum@mt.net.mk

 
 
 
Нашата мисија е производство и дистрибуција на печурки и зеленчукови производи со врвен квалитет. Нашата цел е континуиран пораст преку исполнување на ISO и НACCP стандардите и задоволување на барањата на купувачите.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Бонум
Бонум е основан 1992 година како претпријатие во приватна сопственост. Основна дејност на претпијатието е производство и преработка на печурки (шампињони, буковка) и преработка на зеленчук за широка потрошувачка.

Денес Бонум е најголема приватна фабрика за производство и преработка на печурки во Македонија.

Нашите Капацитети
Претпријатието располага со капацитети за производство на печурки (шампињони, буковка) во Скопје и с. Псача, Крива Паланка. Годишниот капацитет на производство изнесува 800 тони свежи печурки и 1200 тони преработена печурка. Како составен дел на производниот погон работи конзервно одделение во кое се врши финална доработка на печурките до готов производ, како и преработка на други зеленчукови производи: феферони, корнишони, цвекло, пиперка, мешана салата, домашна туршија. Бонум располага и со линија за производство на печена пиперка, домашен ајвар и лутеница. Годишно се преработуваат повеќе од 3,500 тони готов производ. Стручниот тим константно работи на проширување на асортиманот со нови производи, одржување на висок квалитет на производите, добра производна пракса и исполнување на барањата на ISO и NACCP стандардите. Тоа е основна гаранција за добриот пласман на домашниот и странските пазари во изминатите години.